Европската куќа на фудбалот УЕФА денес ги потврди промените во елитната Лига на шампиони кои ќе се случуваат од сезоната 2024 и ќе останат на сила најмалку 10.години.

Бројот на учесници се зголемува од 32 на 36

Сите клубови ќе бидат во една група

Секој тим ќе игра по 10 меча, односно секој учесник ќе игра против 10 противници одредени со ждреб.

Првите осум клуба од групната фаза директно продолжуваат во осминафиналето.

Следните 16 тима ќе играат бараж за останатите 8 места во осминафиналето.

Ќе има сигурни места за елитни клубови кои не успеале да обезбедат пласман преку првенството.

Додека трае војната со основачите на новата Суперлига, УЕФА се надева дека со овие промени од сезоната 2024 ќе успее да ги натера европските гиганти да се откажат од основањето на истата.