Европската фудбалска унија донесе одлука да му забрани регистрација на нови играчи на турскиот фудбалски гигант Фенербахче поради неподмирени финансиски обврски.

Оваа казна не се однесува за следната натпреварувачка сезона 2019/2020 година. Арбитражната комисија на УЕФА задолжена за финансиска контрола исто така одлучи на клубот да не му бидат исплатени два милиони евра кои ги требаше да ги добие како награда од учеството во европските натпреварувања.

Според забраната турскиот фудблски клуб нема да може да регистрира нови играчи во сезоните 2020/21 и 2021/22.