Европската фудбалска асоцијација УЕФА, соопшти дека ги повлекува тужбите против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус како и финансиските казни кои ги изрече кон останатите девет клубови по однос на најавата за организација на „Суперлигата“.

Ова доаѓа по одлуката на судот во Мадрид да донесе пресуда во полза на клубовите па поради ова УЕФА мораше да се повлече од понатамошниот судски процес кој го започна.

УЕФА потврди дека се повлечени и парачните казни наложени кон Арсенал, Челси, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Манчестер Сити, Тотенхем, Атлетико Мадрид, Интер и Милан.

Овие девет клубови требаше да платат по 15 милиони евра и да се окажат од 5% од наградите од УЕФА за оваа сезона.

Од УЕФА посочија дека ќе направат се што можат да спречат организација на вакви и слични проекти како „Суперлигата“ со цел да се сочува традицијата во фудбалот на стариот контитинент.