УЕФА не се сложува со ФИФА мундијалите да се одржуваат на секои две години, официјален став на европската куќа на фудбалот.

Официјалниот став УЕФА го објави на својот сајт во кој се вели дека ФИФА треба да престане да ја промовира оваа идеја.

Одржувањето на светските првенства на секои две години ќе го намали значењето на ова натпреварување, ќе ги оптовари играчите, од УЕФА потенцираат дека и други континентални федерации не се на страната на ФИФА.