Неверојатен совет им даде раководството на УЕФА на своите службени лица кои ги следат средбите на Манчестер Сити.

Имено, ги советува на тие средби да не носат брендирана и скапа облека, бидејќи по нејзе ги препознаваат навивачите на Сити, кои се гневни на УЕФА, поради двегодишната забрана за настап во европските натпреварувања.

„УЕФА Мафија“ и „УЕФА картел“ се сега редовни банери на средбите на Манчестер Сити.