Најдобрата македонска судијка, Ива Пројковска е делегирана за главена судијка за мечот од евроквалификациите меѓу Белгија и Литванија во женска конкуренција закажан за 12 ноември.

На Пројковска ќе и помагаат  Елена Соклевска Илиевски, Вјолца Изеири и Ирена Велевачковска.

Белгија е фаворит во дуелот со Летонија. Белгијките имаат две победи по два одиграни натпревари додека Летонките се последнопласирани во групата Х по три одиграни средби.

Предходно Пројковска го судеше финалето на ЕП У19 за жени во кое Франција ја совлада Германија со 2:1.