Пол Сколс вчера наполни 46 години, играчот кој беше еден од омилените на Сер Алекс Фергусон, плејмејкерот за кој со воодушевување говореа Зидан, Пирло, Чави, Иниеста, Лампард …

Од УЕФА,потсетија на легендарната изјава на Чави: За мене, тој е најдобриот плејмејкер кој сум го видел во последните 15, 20 години.

Сколс, Гигс и Невил се тројцата од легендарниот тим на Јунајтед предводен од Фергусон кои останаа од почетокот до крајот на кариерите на „Олд Трафорд“.