Грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис прати писмо до претседателот на ЕУФА, Александар Чеферин, за логото на ФФМ кое стои на дресовите на нашите фудбалери и за кратенката МКД. Сепак, УЕФА денеска ја одби жалбата, велејќи дека акронимот МКД е дел од Преспанскиот договор.

УЕФА во писмото посочува дека го следи примерот на другите спортски институции и дека го користи кодот МКД од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и дека е во согласност со член 1, параграф 3 од Договорот од Преспа.

Во заклучокот од одговорот се наведува дека УЕФА никогаш нема да стане место каде што се спроведуваат нечии политички замисли и барања.