УЕФА на следниот состанок на извршниот одбор планира да донесе одлука во врска со квалфикациите за ЕП за играчи до 21 година, ќе се бара укинување на баражате.

Доколку бараж пресметките бидат укинати, на Европското првенство ќе се пласираат, домаќините, Унгарија и Словенија и победниците од квалификациските групи, како петте  најдобри  второпласирани селекции.

Младата репрезентација на Македонија во овој квалификациски циклус за ЕП е во група со Шпанија, Израел, Казахстан, Црна Гора и Фарските острови.

По четири одиграни кола,  се на делба на третото место во групата со 7 бода, а на само еден бод негатива од Израел кој е втор, лидер е Шпанија со пет победи од исто толку натпревари.