Ајакс бара обештетување од УЕФА во висина од 12 милиони евра поради двата црвени картони на Блинд и Велтман на средбата со Челзи во Лигата на шампионите.

Италијанскиот судија Џанлука Роки им покажа два црвени картони на двајцата играчи на Ајакс  на оваа средба, клубот од Холандија беше елиминиран иако водеѓе со 4-1, на крајот средбата заврши 4-4.

Ајакс смета дека загубил 12 милиони евра поради елиминацијата и грешките на судијата Роки, бара од УЕФА исплата од 12 милиони евра.

Холандски „De Telegraaf“ пишува дека Ајакс се обратил до УЕФА за финасиска компензација на грешките наРоки во Лондон, сепак тешко е за верување дека европската куќа на фудбалот ќе се реши на ваков чекор бидејќи ваква пракса нема.