Европската фудбалска асоцијација, УЕФА потврди дека дисциплинската комисија ќе отвори истрага за војничкиот поздрав кој беше дел од прославата на голот на Тосун во победата над Албанија во петокот од 1:0.

Тосун ја сподели сликата од поздравот на Инсаграм со порака: За нашата нација, особено за оние кои го ризикуваат живот за нашата нација.

УЕФА не дозволува мешање на политиката во спортот, па прославата на Турција се води како навредлива.

Поради притисокот од најавата за истрага фудбалерите ги избришаа коментарите под фотографијата на Тосун.

Казните за ваквите и слични прекршоци најчесто носат симболични парични казни за федерациите.