Потпретседателот на УЕФА, Мишел Ува, изјави дека сите европски турнири, вклучувајќи го и ЕУРО 2020, можат да бидат прекинати, одложени или воопшто да не се одиграат, ако состојбата со епидемијата на коронавирусот се влоши.

„Внимателно ја следиме ситуацијата. Се обидуваме да не ги прекинуваме натпреварувањата, но, ако ситуацијата се влоши, ќе бидеме принудени“, изјави Ува за Rai Radio 1 Sport.

ЕУРО 2020 ќе се игра во 12 држави, а првиот натпревар ќе се одигра во Рим.