Четири екипи се под закана од суспензија во Лигата на шампионите, бидејќи се уште не се оградиле од идејата за фомирање на нова Суперлига. Овој потег го подготвува Европската куќа на фудбалот – УЕФА.

Станува збор за Јувентус, Милан, Реал и Барселона, додека за потсетување шест англиски екипи, меѓу кои е и шпански Атлетико Мадрид веќе одлучија дека во Суперлигата нема да земат учество.

Како што најавува УЕФА, екипите кои остануваат при својот став, можат да бидат санкционирани согласно чл. 51 од Статутот кој посочува токму на забрана за основање на натпреварување надвор од организација на УЕФА.

Инаку, овие четири екипи имаат 27 освоени титули заедно, па оттаму без нив во најелитното европско натпреварување нема да биде сеедно.