Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално потврди дека Севиља ќе го замени Билбао во улога на домаќин на Европското првенство.
Како што се наведува, откако Билбао не можеше да гарантира присуство на навивачи, УЕФА се согласи со локалните власти на Андалузија дека натпреварите со капацитет од 30%, што е 20 000 навивачи, ќе се играат на Олимпискиот стадион.
Вкупно четири натпревари ќе се одиграат на стадионот „Картуха“ – три од групата Е и еден натпревар од осминафиналето.

Во исто време, Даблин остана без организација, па трите натпревари од групата Б планирани во главниот град на Ирска беа „преместени“ во Санкт Петербург, додека мечот од осминафиналето беше „преместен“ во Лондон, на Вембли.

Исто така од друга страна на состанокот на УЕФА беше утврдено дека Минхен или Алијанц Арената остануваат  домаќини со најмалку 14.500 гледачи.

„Работевме напорно со домаќините и локалните власти и среќни сме што успеавме да овозможиме секој натпревар на ЕУРО 2022 да се игра со публика„ рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.