Молбата на Партизан до регулативното тело на УЕФА за укинување на суспензијата над стадионот на клубот за време на натпреварот од плеј-оф фазата за квалификации за Лига Европа против Молде е одбиена.

Клубот соопшти дека жалбата која ја поднеле до дисциплинската комисија на УЕФА ќе биде дополнително разгледана за што Партизан и јавноста ќе бидат известени.

На молбата на Партизан, на натпреварот е дозволено само присуство на деца до 14 години кои се дел од младинската школа на црно-белите или школите за фудбал во Белград и Србија.