УЕФА ги објави сите поединости околу новото, трето по ранг, клупско натпреварување, наречено Конференциска лига на Европа, во кое од идната сезона ќе играат три од четирите македонски претставници.

Победникот на македонскиот фудбалски куп, како и второ и третопласираните во ПМФЛ на крајот од тековната сезона, наместо како досега во квалификациите за Лига Европа, својата европска одисеја ќе ја почнат во квалификациите за новата Конференциска лига.

Првото од трите квалификациско кола, ќе се игра на 8 и 15 јули, а до пласман во една од осумте групи ќе има и плеј оф.

Македонскиот шампион, како и досега, ќе стартува од првото квалификациско коло во ЛШ: