Комитетот за судење на УЕФА го одреди Шпанецот Антонио Мигел Матеу Лахоз за судија на овосезонското финале на Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат англиските клубови Манчестер Сити и Челзи.

Овој натпревар е закажам за 29 мај, а градот и стадинот се уште не се познати по испаѓањето на Истанбул од трката поради лошата состојба со коронавирусот во овој град.

Лахоз е на интернационалната листа на судии од 2011 година и ова ќе му биде прво финале на некое натпреварување под крилотона УЕФА откако пред две години во Мадрид беше четврти судија во финалето меѓу Тотенхем и Ливерпул.

Оваа сезона ја делеше правдата на шест мечеви во елитното натпреваруање. Треба да се спомене и дека го судеше првиот меч од четвртфиналето меѓу Баерн и ПСЖ. Исто така, избран е да биде и судија на Европското првенство.

Финалето на Лига Европа меѓу Манчестер Јунајтед и Виљареал ќе го суди Французинот Клемен Тупан.