УЕФА има  план за  промена на системот на натпреварување во елитното натпреварување, Лигата на шампионите ќе изгледа поинаку од 2024 година.

Според информациите од Англија кои ги најавија медиумите,  новиот систем повеќе ќе наликува на „швајцарскиот систем“, тоа значи 32 екипи би биле во една лига и секоја би имала 10 натпревари против различни екипи кои ќе бидат избрани со жрепка.

По одигрувањето на  10 натпревари, вкупно 16 екипи со најмногу освоени бодови ќе ги продолжат настапите во нокаут фазата.

Во втората фаза ќе се игра  по принципот, првиот тим против 16, вториот против 15, третиот против 14…