ЕУФА од 2021 година ќе организира летна Лига на шампионите. Новото натпреварување ќе биде организирано врз база на сега постоечкиот Меѓународен Куп на шампионите, кој се игра од 2013-та година.

За разлика од Меѓународниот Куп, кој во суштина е серија на пријателски натпревари кои се играат како подготова за новата сезона, летната Лига на шампионите ќе биде со натпреварувачки карактер. Ќе бидат организирани квалификации, групна фаза и плеј-оф.

Според Daily Mai, лигата ќе има 24 екипи, кои ќе мораат да настапуваат со своите најдобри состави.

Турнирот ќе го работи Relevent Sport, кој е главен партнер на УЕФА во овој проект и со кого УЕФА ќе склучи договор на 8 години.

Лигата ќе се игра во САД, но после извесно време може да се сели и во Азија.

Најсилните екипи од Премиер лигата веќе ја дадоа својата согласност, но и кажаа колку пари очекуваат од лигата.

Со тек на времето во летната Лига на шампионите ќе можат да се приклучат и јужноамериканските гиганти.