Официјално УЕФА покрена дисциплинска постапка против фудбалската федерација на Бугарија по настаните на натпреварот меѓу Бугарија и Англија во квалификациите за ЕП 2020.

Бугарија е обивнета за расизам, на средбата со Англија навивачите на оваа земја недолично се однесуваа и ги навредуваа играчите на „Гордиот Албион“.

Англија исто така се соочува со казна, навивачите на оваа земја во Софија за време на интонирањето на националната химна на Бугарија со свирежи реагираа на стадионот „Васил Левски“.

УЕФА не го соопшти датумот кога ќе ги изрече казните за двете федерации.