УЕФА официјално отвори истрага против Марко Арнаутовиќ околу неговата реакција кон нашиот репрезентативец Езгијан Алиоски на натпреварот од ЕУРО помеѓу Македонија и Австрија.

Арнаутовиќ се извини за однесувањето и изјави дека не станувало збор за расистичко однесување. Сепак, УЕФА е чувствителна на оваа тема и целосно ќе го анализира случајот.

Доколку се докаже дека имало навреди од страна на Австрискиот напаѓач , тој ризикува да се соочи со парична казна или суспензија од неколку натпревари.