УЕФА со соопштение демантира дека квалификациите за Лигата на шампионите и Европа лигата ќе се укинат, оваа реакција доаѓа откако дел од медиумитево Европа тврдеа дека поради коронавирусот некои земји нема да имаат право на настап во овие две натпреварувања.

Тоа значеше дека македонските клубови ќе ја загубат можноста да играат квалификации, но сега УЕФА демантира со соопштение.

„Не постои таква опција да им го укинеме патот на некои национални шампиони кон пласман во ЛШ и ЕЛ. УЕФА моментално го следи развојот на ситуацијата со пандемијата до денес нема потреба  за нов формат во квалификациите за европските клупски натпреварувања“ – соопштија од  УЕФА.