Учесниците на Европското првенство може да се соочат со парични казни доколку нивните играчи поместуваат спонзорски пијалоци на прес-конференции, соопшти организаторот на УЕФА.

Во понеделникот, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, премести две шишиња Кока-Кола и им рече на луѓето дека треба да пијат вода.

Еден ден подоцна, францускиот фудбалер Пол Погба отстрани шише пиво Хајнекен.

„УЕФА ги потсети екипите учеснички дека спонзорите и партнерите се дел од турнирот и дека тие обезбедуваат развој на фудбалот низ цела Европа“, рекоа организаторите денес.

Директорот на турнирот Мартин Кален потсети дека играчите се обврзани да ги почитуваат регулативите на турнирот, бидејќи нивните Федерации имаат потпишано договори и дека постои можност за казни.

Сепак, тие казни не се однесуваа на играчите, туку на Здруженијата.

Потсетуваме, Роналдо со својот потег ја намали вредноста на познатата компанија за цели четири милијарди евра