УЕФА подготвува четири сценарија за одржување на Европското првество следното лето, а конечната одлука ќе биде соопштена до 5 март, соопштија од Европската куќа на фудбалот.

Првото сценарио се темели на претоставката дека ЕП ќе се одржи во 12 градови во 11 држави од 11 јуни до 11 јули и оти состојбата со пандемијата со Ковид 19 ќе биде под контрола и стадионите ќе бидат целосно отворени за навивачите.

Во второто сценарио се предвидува исполнетост на стадионите до 50 отсто од капацитетите, во третата варијатна стадионите би биле исполнети до 30 оттсо, а четртата и „најцрна“ варијанта е ЕП да се игра пред празни трибини.

Секој од избраните градови – домаќини во договор со УЕФА ќе треба да избере две до три од предложените сценарија и во претстојниот период да изготви соодтвени планови за нивна примена“, соопштија од УЕФА.