УЕФА заедно со претставници на европските лиги, според „Тутумеркото“, ги разгледуваат можностите за нов формат на одигирување на мечевите.

Се говореше дека во август речиси секој ден ќе има врвен фудбал, но според последните информации по се изгледа ќе биде одбран „експресен“ формат.

Европската куќа на фудбалот размислува Лигата на шампиони да се одигра во вид на Фајнл-фор во Истанбул за каде е овогодинешното финале. До тој дел од натпреварување екипите ќе играат по еден меч во четврфиналето, како и осминафиналните двомечи кои не се доиграа поради пандемијата од Коронавирусот.

По ист формат ќе биде одиграна и Лигата на Европа, чија завршница треба да се одржи во полски Гдањск, а мечевите во ова натпреварување би стартувале од 6. август.