Од моментот кога се знаеше дека два англиски клуба, Манчестер Сити и Челзи, ќе играат во финалето на Лигата на шампионите, започнаа да кружат информации дека финалето може да се премести од Турција во Англија. Според „Телеграф“, УЕФА најсериозно го сфатила предлогот финалето да се пресели од Турција.

Причината е што Турција е на списокот на земји со висок ризик за граѓаните на Велика Британија кога станува збор за патувања.

Со оглед на тоа што финалистите се два англиски клуба, тогаш логична нова дестинација се Англија и стадионот Вембли, кој последен пат беше домаќин во 2013 година кога германските клубови Баерн и Борусија Дортмунд се бореа за трофејот на европскиот шампион, или можеби Кардиф кој последен пат беше домаќин на финалето беше во 2017 година во дуел помеѓу Реал и Јувентус.

Астон Вила веќе го понуди стадионот „Вила Парк“ за финалето, што според информациите од Англија е прифатливо за двата клуба.