Европската куќа на фудбалот (УЕФА) објави дека примила 4,5 милиони барања за влезници за претстојното Евроско фудбалско првенство во 2020 година.

ЕП 2020 година ќе се игра во 12 различни земји за прва пат во историјата, завршните мечеви, полуфинале и финале ќе се играат на „Вембли“ во Лондон.

Првиот дел од билетите започна да се продава од 12 јуни, апликациите за билети можат да се испраќаат до 12 јули, УЕФА објави дека за речиси две недели добила скоро 5 милиони барања за билети.

Оваа вкупна бројка доаѓа од 190 различни земји, најмногу барања има од Германија, Англија, Русија,Унгарија, Холандија и Данска .

Интересно е тоа што, на навивачите на раполагање им се вкупно 3 милиони влезници, оваа бројка е голема поради бројот на стадионите и капацитетот на истите,доколку сакате да бидете дел од среќниците можете да аплицирате на следниот линк:

https://www.uefa.com/uefaeuro-2020/ticketing/