Европската фудбалска организација УЕФА, излезе со официјален стап по однос на шпекулациите дека следното Европско првенство ќе се игра само во една земја.

„УЕФА се вложува максимално во планот турнирот да се одигра пред публика и во 12 земји.“ – коментираат од УЕФА и покрај тоа што Александар Чеферин најави дека има три опции по однос на организацијата.

Европското првенство треба да започне на 11 јуни а да заврши на 11 јули со финалето на Вембли.

Се шпекулира дека ако нема можност ЕП 2021 да се игра во 12 земји можно е Англија или Русија да ја преземе организацијата.