Европската фудбалска асоцијација, УЕФА најави дека можно е реваншот меѓу Барселона и Наполи да се игра во Португалија или во Германија поради сериозниот замав кој го зема пандемијата од Ковид-19 во Барселона.

Сепак и покрај заканата и ризикот како и апелот од претседателот на Наполи, Де Лаурентис реваншот од осминафиналето да се игра надвор од Шпанија, УЕФА реши дека тоа ќе се случи на „Камп Ноу“.

„Ја мониторираме и ја следиме ситуацијата и во контакт сме со сите локални авторитети. Натпреварот ќе се игра на „Камп Ноу“ како што беше и планирано.“ – велат од УЕФА.

Барселона ќе го дочека Наполи на 8 август во реваншот од осминафиналето од ЛШ, првиот натпревар во Италија заврши  1:1.