УЕФА сепак одлучи да им дозволи на клубовите кои се во полуфиналето од Лигата на шампионите а се дел од „фамозната“ Суперлига да ја доиграат сезоната и да учествуваат во финишот на оваа сезона.

УЕФА отпрвин се закани со ригорозни казни но од тоа во моментов тешко дека ќе има нешто.

И да има некакви казнени одлуки тие ќе важат за во иднина, не за во моментов. А што се однесува до парични казни исто така во моментов не е можно да се спроведат затоа што УЕФА ќе мора да им исплати пари на име на ТВ права и на успехот во годинешните натпреварувања.

Како што наведува шпанска „Марка“ ситуацијата воопшто не е едноставна и сеуште се јавуваат екипи кој се спротиставени на овој грандиозен проект на богатите.

Борусија Дормунд, Баерн, Ред Бул Лајпциг, ПСЖ , Ајакс и како последен до сега Порто веќе јасно истакнаа дека нема да земат учество во Суперлигата