Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни англиската фудбалска репрезентација со два натпревари  пред празни трибини, поради немирите  на навивачите во финалето на ЕВРО против Италија.

Исто така, УЕФА ја казни Англиската фудбалска асоцијација (ФА) со 100.000 евра.

Во пресрет на финалето на ЕП помеѓу Англија и Италија, околу 5.000 хулигани влегоа на стадионот Вембли без билети, пробивајќи ги безбедносните врати и кордони, што доведе до грди сцени. Во немирите беа повредени 19 полицајци, додека 39 лица беа приведени.

По финалето во кое Италија славеше со подобра изведба на пенали, УЕФА отвори дисциплинска истрага, а ФА беше обвинета за четири пропусти, инвазија на навивачи, фрлање предмети, неспортско однесување за време на интонирање химни и фрлање пиротехника.

ФА веќе беше казнета со 30.000 евра за време на ЕВРО за проблеми со публиката откако голманот на данската репрезентација, Каспер Шмајхел, беше попречуван со ласери за време на полуфиналето против Англија, исто така на Вембли.

Оваа казна важи само за натпревари организирани од УЕФА, така што „Горди Албион“ следниот натпревар во квалификациите за Светското првенство во 2022 година ќе го одигра против Албанија на 12 декември со поддршка на навивачите.