УЕФА следната недела на состанок на Извршниот комитет ќе донесе неколку важни одлуки, календарот за завршницата  во Лигата на Нации е на дневниот ред, Македонија и Косово ќе играат во октомври.

Ова е најавата која доаѓа во пресрет на состанокот на ИО на УЕФА, кој ќе се одржи на 17 и 18 јуни, историскиот дуел меѓу Македонија и Косово ќе се игра во Скопје, беше предвиден за март, потоа одложен за јуни, но поради ситуацијата со коронавирусот повторно не се одигра.

УЕФА сега се очекува да го донесе конечниот план, фудбалот се рестартира, Македнија ја делат 180 минути од пласман на Европско првенство, победа против Косово и пота дуел во финалето со подобриот од мечот меѓу Грузија и Белорусија.

Според најавите, финалето во Лигата на Нации ќе се игра во ноември.