УЕФА во петок ќе ја објави дефинитиваната листа на градови домаќини на претстојното ЕУРО, Македонија според последните информации ќе игра како што и претходно беше најавено, во Букурешт и Амстердам.

Денес на Извршниот комитет во Монтро, УЕФА донесе одлука во петок да ја соопшти конечната листа на градови домаќини, има спорни во името на Даблин, Билбао и Минхен поради протоколите во земјите поради Ковид-19.

Според неофицијалните е сознанија, Севилја би можела да го замени Билбао, Манчестер на Даблин, додека за Минхен засега нема најава кој град би можел да биде замена.

Како што соопшти УЕФА на Извршниот комитет се разгледале неколку предложени опции, но оставено е неделава преку дополнителни разговори и консултации да се избере најдоброто решение.

Букурешт и Амстердам, градови во кои ќе игра Македонија засега се фиксирани, обезбедени се гаранции со 25% капацитет од стадионите резервирани за публиката.