Европската куќа на фудбалот, УЕФА во вторник ќе одржи вонреден состанок на кој ќе решава дали ќе се играат мартовските средби во Лигата на нации, секако и дуелот меѓу Македонија и Косово.

Состојбата со Коронавирусот предизвукува хаос во календарот на натпревари во одредени земји, УЕФА е во контакт со многу влади од Европа каде е регистрирано дека има случаеви на заболени од вирусот.

За утре е најавен состанок  во Амстердам а во вторник се очекува одлука дали ќе има одложување или не.

Можно е според најавите од УЕФА  да се играат средбите без публика, ова значи дека Македонија – Косово може да се игра според планот но без публика на 26 март.