Денеска пристигна информацијата дека 12 европски клубови службено е објават вест за основање Суперлига. Повеќе околу ова прочитајте ТУКА.

Чим стигна веста дека европските богаташи планираат да почнат своја лига, се огласи УЕФА со жестоко предупредување во кое најавува драстични казни за оние кои евентуално би учествувале во Суперлигата.

„УЕФА, Англиската фудбалска федерација и Премиер лигата, Кралската шпанска фудбалска федерација и Ла лига и Италијанската фудбалска федерација дознаа дека неколку англиски, шпански и италијански клубови планираат правење нова затворена, таканаречена Суперлига. Во случај тоа навистина да се случи, сакаме да повториме дека УЕФА, ФА, РФЕФ, ФИГЦ, Премиер лигата, Ла Лига, Серија, но и ФИФА и сите наши други членки ќе останат обединети во нашите напори да го прекинеме тој циничен проект, проект кој се темели на сопствени интереси на неколку клуба во момент кога друштвената солидарност е потребна повеќе од било кога

Ќе ги разгледаме сите мерки кои ни се достапни на сите нивоа, како правосудни така и спортски, за да го спречиме тоа да се случи. Фудбалот се темели на отворени натпреварувања и спортски заслуги и не може да биде различно.

Како што претходно најави ФИФА и шесте федерации, на дотичните клубови ќе им биде забрането играње во секое натпреварување на домашно, европско и светско ниво, а на нивните играчи би можела да им се скрати шансата да ги претставуваат своите национални тимови

Им се заблагодаруваме на оние клубови во другите земји, посебно на француските и германски клубови, кои одбија да бидат вклучени во таа идеа. Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, навивачите и политичарите да ни се придружат во битката против таквиот проект. Тој неубав интерес кај неколкумина трае предолго. Што е премногу е премногу“– стои во соопштението на УЕФА.