Поранешниот голман на Аргентина, Уго Гати, го коментираше настапот на Лионел Меси на вчерашната средба против Реал.

Меси можеби е најдобриот фудбалер на светот, но го нема никаде на големите натпревари. Има тажно лице и не ги мотивира соиграчите. Меси вчера изгледаше како екс-фудбалер. Барселона одигра лошо“, изјави Гати за  El Chiringuito.

Реал Мадрид вчера ја совлада Барселона со резултат 2:0.