Македонија и Украина утре од 15 часот на Националната Арена во Букурешт го играат натпреварот во кој никој нема право на пораз.

Селекцијата која ќе биде поразена, доколку има победник, ќе ги загуби сите шанси за пласман во следната рунда.

Интересно е дека Украина нема победа на европските првенства од 2012 година, тогаш беше домаќин на ЕУРО, ја победи Шведска, а на следните две во групата беше поразена.

По ова, запиша уште шест порази во низа европските првенства а последен беше од Холандија, доколку загуби од Македонија, ќе го надминат црниот рекорд на СФР Југославија од 1968 до 1984, ќе бидат првата репрезентација која седум порази во низа на континенталните првенства.