Украинската репрезентација во пресрет на натпреварот против Македонија остана без еден од подобрите играчи во селекцијата.

Александар Зубков одигра само 12 минути против Холандија при што се пожали на повреда и го напушти нетпреварот.Прегледите покажале дека Зубков нема да може да настапи за Украина уште месец дена , што дефинитивно укажува дека ЕУРО за него е завршено.

Зубков немаше среќа и сега Андриј Шевченко има мака, кој да игра на позицијата лево крило. Марлос  кој го замени Зубков,имаше кавга со Јармоленко во текот на мечот  па сега е нејасно дали и двајцата ќе играат или Марлос ќе биде на клупата.

Јармоленко беше најопасниот играч на Украина против Холанѓаните, постигна и прекрасен гол, а посебно ќе треба да внимаваме на бочните позиции на кои нашиот следен ривал има одлични играчи.