Украинска судиска четворка, предводена од Јарослав Козук, ќе ја дели правдата на гостувањето на Силекс во Баку против азербејџанскиот првак Карабах во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Натпреварот ќе се игра во вторник, на 18 август, на „Тофик Бахрамов“ во Баку, со почеток во 18 часот.

Азербејџанскиот првак ќе ја има предноста од домашен терен, но нема да може да смета на поддрѓката од своите навивачи , откако УЕФА одличи сите квалификациони натпревари да се играат без публика.