Легендата на украинскиот фудбал Андриј Шевченко од вчера повеќе не е селектор на репрезентацијата на Украина. Некогаш брилијантнио играч оствари одлични резултати и како селектор, па одлуката за разделба со фудбалската федерација на Украина ја изненади спортската јавност.

Нему договорот му истече, а бидејќи до продлжување не дојде, официјализиран е крајот на петгодишната соработка. Сепак, се чини дека Шевченко не заминал по своја волја. За тоа пишува украинскиот новинар Артем Франков, кој открива дека легендата била под голем политички притисок.

„Беше под голем притисок на првиот човек на Федерацијата Андреј Павелка. Тој со сите соли се обидува да се врати во политичкиот живот на Украин. Оди по линијата на патриотизмот и национализмот. Шевчеко често зборуваше руски јазик и тоа на одредени луше не им се допадна. И јас сум украински патриот, го знам украинскиот јазик, но зборувам и руски кој ми е мајчин. Федерацијата потоа направи хаос меѓу играчите. Политичарите се вмешаа и ситуацијата беше многу тешка. Шевченко како еден светски човек на тоа не се има навикнато“- вели Франков.

Легендарниот Шевченко на селекторската позиција би требало да го замени некогашниот негов соиграч Серхиј Ребров.