Претседателот на фудбалскиот шампион на Германија, Ули Хенес нема да се кандидира за нов мандат а воедно ќе ја напушти и функцијата во надзорниот одбор на клубот. Ова го пренесува Билд.

Хенес им најавил на неговите соработници дека сака на неговото место да дојде поранешниот прв човек на Адидас, Хеберт Хајнер. Хенес пред шест месеци најави дека планира повлекување но и тогаш тврдеше дека нема да дозволи Баерн да назадува и ќе подготви план за продолжување на напредокот.

Во неговата ера  баварскиот гигант освои 29 титули во Бундес лигата и две во Лигата на шампионитена УЕФА.