Проблемите со повредата се минато, Самуел Умтити тренира во полна пареа и се чекува да биде во комбинација за настап за дуелот со Елче.

Ова значи дека Ернесто Валверде конечно ќе може да смета на стоперот кој повеќе од една година не може да врзе повеќе од три натпревари во низа без проблеми поради најразлични повреди.

Според последните информации од Шпанија, Умтити сака да докаже дека заслужува место во почетната единаесетка каде во моментов неприкосновени се Клемент Ленглет и Жерард Пике.