Екипата на Барселона по секоја цена , сака овој преоден рок да се ослободи од неколку играчи, помеѓу кои се наоѓа и повремениот Француски репрезентативец Самуел Умтити.

Французинот беше доведен пред неколку години од Лион и Барселона во него, гледаше идеален партнер за Пике во одбраната, но големиот број на повреди , не му дозволија на Умтити да се наметне во дресот на Барселона.

Освен тоа , Умтити во Барселона зема преголема плата, а со оглед на тоа дека каталонскиот гигант е во финансиска криза , тоа би било мотив плус за продажба на Умтити.

Умтити не прифати намалување на платата, но е спремен да го напушти каталонскиот клуб ова лето, но само под еден услов.

Имено, Французинот сака да се пресели во тим што учествува во Лигата на шампионите, или конкурентен за титулата во националното првенство, пренесува „Диарио Спорт“.