Предводникот на Арсенал, Унаи Емери не го криел разочарувањето од формата на Шкодран Мустафи и на Мохамед Елнени пред почетокот на новата сезона.

Според островските медиумите, тренерот на „топџиите“ им порачал на двајцата да си бараат нов клуб до крајот на летниот преоден рок затоа што нема да добијат реална шанса во почениот состав и можно е да бидат преселени во резервната екипа на тимот од Лондон.

Арсенал пред три години го купи Мустафи за 40 милиони евра но ова лето можно е да го продаде за двојно помалку иако нема многу тимови кои се заинтересирани за неговите услуги.

За Елнени пак постои најава дека веќе пристигнале неколку понуди од Франција.