Навивачите на Арсенал не можат да поверуват на информациите кои секојдневно се презентираат во медиумите од Англија поврзани со иднината на Емери на менаџерската функција на „Емирати“.

По најавата дека Емери ќе биде отпуштен оваа недела а неговото место ќе го добие Луис Енрике денеска стигнува демант.

Емери имал поддршка од управата на клубот и тој ќе остане најмалку до јуни 2020 година. Што се однесува до Енрике, поранешниот тренер на Рома и на Барселона во моментов немал намера да му се врати на фудбалот.