Иако пред две недели доби отказ во Арсенал, Унаи Емери бара повторно работа во Премиер лигата, тврди ESPN.

Засега Шпанецот ги разгледува пристигнатите понуди, а Евертон е првиот клуб со кој се водеа преговори. Сепак, според ESPN, овие преговори најверојатно пропаднаа.

Покрај понуди од клубови од Премиер Лигата, Емери е интересен и за клубовите од Ла Лига.

Засега Емери реши да живее во Лондон, но и периодично да ја посетува Шпанија.