Виљареал по пенал рулетот успеа да слави против Манчестер Јунајтед во финалето од Лига Европа а Унаи Емери да го сови четвртиот трофеј од ова натпреварување.

„Жолтата Подморница“ одигра татктичи мудро и трпеливо и успеа да ги анулира сите добри страни на противникот, кој разочаран ја напушти Полска.

„Овој тим треба да игра во Лигата на шампионите и да ужива. Сакаме да ја освојуваме Лига Европа но исто така сакаме да бидеме дел од ЛШ. Ќе уживаме во овој момент заедно со нашите семејства и навивачи. Среќен сум а сите во Виљареал сме горди, заслуживме да победиме.“ – изјави Емери.

Прв предизвик за Емери ова лето ќе биде да ги задржи во тимот најголемите ѕвезди кои веќе се поврзуваат со трансфер во многу попознати клубови од Европа.