Управниот одбор на Фудбалската федерацнија на Македонија донесе одлука со која ќе се обиде да им помогне на фудбалските клубови во борбата со коронавирусот.

Според донесената одлука, тестирањето на сите играчи во Првата лига во машка и женска конкуренција ќе биде платено од ФФМ. Очекувано во следната седмица треба да биде изврешно тестирањето.

Новата сезона во ПМФЛ треба да започне на 9 август.

Ова се сите одлуки на УО на ФФМ донесени на денешниот состанок:

– У.О. на ФФМ ги усвои предлог пропозициите за натпреварување во Прва МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021;

– У.О. на ФФМ донесе одлука тестирањето за Covid – 19 за фудбалерите и стручниот штаб на клубовите од Прва МФЛ и Прва ЖМФЛ пред почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 да биде на трошок на Фудбалската федерација на Македонија

– У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во женска конкуренција за натпреварувачката сезона 2020/2021

– У.О. на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во млади категории за натпреварувачката сезона 2020/2021

– У.О. на ФФМ ја усвои листата на делегати за натпреварувачката сезона 2020/2021 во МФЛ

У.О. на ФФМ донесе одлука за измени и дополнувања на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери.