Луис Суарез ја напушти Барселона против своја волја летото 2020 година и се пресели во Атлетико Мадрид.

Тој ги предводеше „Колчионеросите“ до титулата, но не крие дека Барса е сеуште близу до него, како и дека се што се случува во каталонскиот клуб го боли.

Уругваецот сега разговараше со „Спорт“ за ситуацијата на „Ноу Камп“ и ја советува легендата Чави Ернандез, кој се споменува како замена за Роналдо Куман, да почека.

“Го советувам Чави да не дојде сега, ова не е идеален момент за клубот. Тој е паметен човек и верувам дека ќе го чека вистинскиот момент за да стане тренер на Барса”, рече Суарез и додаде:

“Имам контакт со некои играчи на Барса и можам да кажам дека им е тешко да го имаат сето ова. Тешко им е да ја имаат оваа војна помеѓу Куман и  Лапорта”, истакна искусниот напаѓач.