Уште четворица играчи на Сампдорија се  позитивни на Коронавирусот, откако вчера Маноло Габиадини потврид дека е позитивен на смртоносниот вирус.

Италијанскиот фудбалски новинар Фабрицио Ромањо објави дека  Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина и Мортен Торзби се исто така позитивни на вирусот.

Даниеле Ругани од Јувентус, исто така, боледува од КОВИД-19, а Серија А е суспендирана до 3 април.